Регион

Од сега сите политички реклами мора да откријат кој ги платил

Правилата, исто така, бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори. Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и слободата на изразување и правото на јавноста на информирање, помагајќи им на граѓаните да разликуваат платена политичка содржина од уреднички материјал или лични политички мислења, и на тој начин го зајакнува интегритетот на изборите.

Според новите прописи, сите политички реклами ќе мораат јасно да откријат кој ги платил, колку пари се потрошени, како и дали се насочени кон конкретна публика, пренесе N1info.rs. Уредбата, која се применува од денес, поставува единствени стандарди за транспарентност на политичкото огласување во ЕУ. Не се забранува политичко огласување, ниту се регулираат содржините на рекламите. Личните ставови или некои неспонзорирани новинарски содржини остануваат надвор од оваа регулација.

  • „Оваа уредба поставува единствен европски рамка, прва од ваков вид, осмислена да биде глобален модел за осигурување на фер избори, заштита на граѓаните од злоупотреба на лични податоци и зајакнување на демократската отпорност“, изјави главниот преговарач на Европскиот парламент за ова прашање, Сандро Гози. Тој додаде дека ова е одговор на скандалот со Cambridge Analytica и објасни дека ЕУ се стреми да спречи слични манипулации.

Гози ја коментираше и одлуката на Google и Meta да ја прекинат кампањата за политичко и изборно огласување во ЕУ наместо да се придржуваат кон новите правила. „Оваа одлука ја лишува јавноста и политичките актери од легитимни и транспарентни канали за комуникација“, истакна тој.

Новиот регулаторен систем е дел од поширокиот напор на Европската унија да го заштити јавниот интерес и демократијата, и да постави дигитален простор во кој граѓаните ќе можат да донесат информирани одлуки при гласањето.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top