Регион

ОМО “Илинден”-Пирин ја осуди политиката на Бугарија за негирање на се’ што е македонско

Осуда за пасивноста на Европската Унија, која дозволува политика на асимилација и дискриминација против Македонците во Бугарија наследена од тоталитарниот комунизам, да продолжи во нејзините граници

Во реонот на Папаз Чаир на Пирин планина, Пиринска Македонија деновиве се одржа Единаесеттата национална конференција на ОМО “Илинден”-Пирин.

На Единаесеттата национална конференција присуствуваа 50 делегати од сите делови на Пиринска Македонија и од внатрешноста на Бугарија, како и шест гости.

Со конференцијата претседаваше Иван Сингартијски. Присутните ја поздравија партиската химна “Народе Македонски“и со едноминутно молчење им одадоа последен поздрав за вечен помен и спомен на членовите на ОМО “Илинден”-Пирин кои во меѓувреме починаа.

Со рецитација за Македонија, Димитар Иванов ги поздрави присутните.

Националната конференција го поздрави присуството на Кирил Тилев, претседател на ОМО “Илинден”-Пирин и Аце Димоски пратеник на Светскиот македонски конгрес. Кирил Тилев и Аце Димоски ги поздравија присутните и посакаа успешна работа и плодни резултати на Единаесеттата национална конференција на ОМО “Илинден”-Пирин.

Поздравни честитки за националната коинференција уатија испратија Европска слободна алијанса, единствената македонска партија од Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, Меѓународното македонско движење за човекови права од Торонот, Канада и здружението Пиринско општество.

Националната конференција ги прифати извештаите на централниот совет, на претседателството и на централната надзорна комисија на ОМО “Илинден”-Пирин.

Националната конференција избра Претседателство, Централен совет и Централна надзорна комисија.

За копретседатели на ОМО “Илинден”-Пирин беа избрани Иван Сингартијски, Ангел Безев, Стојко Стојков, Христо Џупанов и Дамјан Ризаков.

Националната конференција со поддршка од присутните гости, едногласно ја усвои Декларацијата за Националната конференција.

ОМО “Илинден” како македонско здружение и ОМО “Илинден”-Пирин како македонска политичка партија постигнаа согласност да ги надминат недоразбирањата и пред бугарските власти и меѓународните организации да настапуваат единствени и обединети заедно.

Делегатите на Единаесеттата национална конференција на ОМО “Илинден”-Пирин, одржана на 6 јули 2025 година, во Папаз Чаир, Пиринска Македонија, Република Бугарија, заедно со гостите од македонските организации во Бугарија, собрани од цела Пиринска Македонија и од внатрешноста на Бугарија, ја усвоија следната Декларација:

ЈА ОСУДУВАМЕ политиката на Бугарија за негирање на македонскиот народ, идентитет, јазик, култура и историја!

ЈА ОСУДУВАМЕ политиката на Бугарија за негирање, асимилирање и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија!

ЈА ОСУДУВАМЕ политиката на Бугарија против македонското малцинство во Албанија, каде, со делење државјанства и уцени, се обидува да создаде вештачко бугарско малцинство!

ЈА ОСУДУВАМЕ политиката на Бугарија за блокирање на европското членство на Македонија!

ЈА ОСУДУВАМЕ политиката на Бугарија за поттикнување провокации во Македонија, кои потоа се претставуваат како “дискриминација“ против Бугарите таму и се користат како изговор за блокирање на членството на Македонија во ЕУ. Ваквите провокации ја продлабочуваат омразата меѓу двата народа.

ГО ОСУДУВАМЕ говорот на омраза во Бугарија насочен против македонското малцинство, македонската нација и Македонската држава.

ЈА ОСУДУВАМЕ пасивноста на Европската Унија, која дозволува политика на асимилација и дискриминација против Македонците во Бугарија наследена од тоталитарниот комунизам, да продолжи во нејзините граници.

ГО ОСУДУВАМЕ фактот што ЕУ дозволила и дозволува Бугарија да наметнува антицивилизациски барања врз кандидат за членство, од земја-членка која користи уцени и наметнување нелегални барања.

ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ политиката на Македонската влада за одбрана на македонскиот национален идентитет, јазик, култура, историја и македонското малцинство во Бугарија.

ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ борбата на ЕФА во одбрана на правата на угнетените народи во Европа, во одбрана на македонските малцинства во Бугарија и Грција и во одбрана на Република Македонија.

УКАЖУВАМЕ дека барањата на Бугарија кон Македонија се во директна спротивност со принципите на меѓународното право, човековите права и вредностите на Европската Унија. Овие барања ја понижуваат Бугарија и сериозно ги влошуваат односите меѓу двете држави – Бугарија и Македонија, и меѓу двата народа – Бугарскиот и Македонскиот, а кои треба да бидат пријатели и добри соседи. Фактот што ние, европските граѓани, сме дискриминирани во Европската Унија од страна на европска држава е срам за ЕУ. Македонското малцинство и Македонската нација се тука и нема да исчезнат поради нечии болни соништа. Нема да престанеме со нашата борба за права и заштита на нашиот идентитет.

ЈА ПОВИКУВАМЕ Европската Унија:

(1) да го укине правото на консензус и вето злоупотребено од земји како Бугарија;

(2) да ги започне процедурите за пристапување на Македонија, игнорирајќи ги бугарскит барања;

(3) да преземе мерки за Бугарија да може да почне да ги почитува и спроведува малцинските права на Македонците и сите други малцинства во Бугарија;

(4) да гласа за вклучување на македонскиот идентитет во Извештајот за напредокот на ЕУ за Македонија.

ЈА ПОВИКУВАМЕ Република Бугарија:

(1) да ја прекине својата анти-Македонска политика;

(2) да ја деблокира европската интеграција на Македонија;

(3) да го запре негирањето на македонското малцинство на нејзина територија и да ги додели сите права загарантирани со меѓународни договори.

ЈА ПОВИКУВАМЕ Република Македонија да продолжи да се бори за правата на сите Македонци во светот.

Најнови вести од: Регион

Стотици граѓани во Македонија не знаат дека боледуваат од ATTR-CM

Cмртоносна болест на срцето со години останува непрепознаена – дијагнозата се чека и повеќе од четири години
Фокусот на кардиолошките стручњаци е насочен кон навремено препознавање на симптомите, бидејќи без лекување заболените умираат во рок од четири години од поставувањето на дијагнозата

„Кој си бре ти?“ Александар Вучиќ најави интернет-портал за поплаки од граѓаните

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе отвори портал преку кој граѓаните ќе можат да се пожалат на однесување на „арогантни“ функционери. Вучиќ рече дека порталот ќе се вика „Кој си бре ти?“

Другарот на Заев, Ципрас се враќа во политиката со нова партија

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Криминална афера во Белград: Поранешен полициски шеф осомничен за убиство

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Премиерот Румен Радев со црвен тепих ќе ја пречека победничката на Евровизија во Софија

„Bangaranga“ не победи тесно и случајно. Официјалните податоци покажуваат дека песната завршила со 173 поени предност пред второпласираниот Израел, што Eurovision го бележи како најголема победничка разлика во историјата на натпреварот. На второто место се најде Ноам Бетан од Израел со „Michelle“, а трета беше Романија со Александра Кепитенеску и „Choke Me“.

Која е всушност Дара Јотова, пејачката што победи на Евровизија?!

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

To top