Регион

Поднесе оставка директорот на Домот за стари лица во Тузла

Според последните информации, 11 лица загинаа, 30 лица се во болница, од кои четворица се во тешка состојба

Директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка од својата позиција утрово, јави портаот Klix.ba

Пожар избувна синоќа во Домот за стари лица во Тузла, а според последните информации, 11 лица загинаа.

Исто така, 30 лица се во болница, од кои четворица се во тешка состојба.

Со оглед на страшните последици од пожарот директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка од својата позиција, потврди за Klix.ba установата за нега на стари лица.

Над 10 загинати, 35 повредени во Домот за стари лица (ВИДЕО)

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

Најнови вести

To top