Регион

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува „Топ ченел“ , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, извори од Министерството за правда во Тирана изјавиле дека „овозможен е трансфер само на 13 лица“.

Овој мал број е резултат на одложувањата од страна на албанските судови, кои мора да ја признаат одлуката издадена од британските судови, за секој затвореник што издржува повеќе од четири години затвор кога аплицираат за трансфер. -Еден затвореник Англија ја чини 56.000 фунти годишно. Албанските затвореници во Британија , во последните седум години, сочинуваат најголем број затвореници од странска националност, пишува „Сан“.

Моментално, во англиските затвори има 940 Албанци, главно осудени за вмешаност во продажба на кокаин или подигање фарми за канабис.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top