Регион

Сцени од хорор филм во Крушевац: Ги искасапил родителите и скокнал од седми кат

Според информациите на српските медиуми, Александар имал успешна кариера, а планирал и да се жени

Во Крушевац вчераутро се случи стравичен злостор кој ја потресе српската јавност – 36-годишниот Александар В. со нож ги убил своите родители, по што, според првичната истрага, се самоубил скокајќи од зградата.

Сцената на масакрот била толку ужасна, што и полицајците кои дошле на увид, изјавиле дека не виделе ништо пострашно во животот. Станот личел како во него да се снима хорор филм – ѕидовите биле испрскани со крв, а мебелот истуркан.
Александар со повеќе убоди со голем кујнски нож ја усмртил својата мајка, а и својот татко Драган В, угледен пензиониран лекар. Настанот се случил во нивниот семеен стан каде живееле сите заедно.

Според информациите на српските медиуми, Александар имал успешна кариера и неодамна бил унапреден за вршител на должност директор на Филијалата за здравствено осигурување, а планирал и да се жени.

– Пред неколку дена го сретнав и ми раскажа за промоцијата и ми кажа дека се верил. Изгледаше среќен и навистина не можев да забележам ништо чудно во неговото однесување. Ми рече дека треба да се видиме и дека ќе ме чести за унапредувањето… Не можам да поверувам дека ги заклал мајка си и татко си, а потоа се самоубил – открива соговорник на „Блиц“.

Екипа на „Блиц“ била на местото на ужасниот настан во Крушевац, и разговарала со соседите.
Тие не можат да поверуваат што се случило во нивното мирно соседство. За семејството во кое се случила трагедијата велат дека било пример за сите.

– Никој не можеше да помисли дека би направил такво нешто. Мајка му беше прекрасна жена, вистинска мајка, пожртвувана, секогаш зборуваше за децата. Навистина, никој не можеше да помисли. Сите сме вознемирени. Сè уште не сум излегла од станот, ниту смеам да поминам покрај сите тие траги, да се соочам со вистината. Не можам да поверувам дека е тоа вистина – изјавила една соседка.

Полицијата го пронашла крвавиот нож со кој е извршено убиството. Телата се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина, а истрагата е во тек. Мотивот за овој стравичен настан сè уште не е познат.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top