Регион

Се соочува ли проширувањето на ЕУ со ново фијаско на Балканот

Хрватска предупредува дека решавањето на отворените прашања со Црна Гора е клучно за завршување на преговорите со ЕУ

Хрватска повторно преку јавна порака предупреди дека Црна Гора мора итно да ги реши отворените билатерални прашања ако сака успешно да ги заврши преговорите за пристапување во Европската Унија.

Хрватска нагласува дека принципот на добрососедски односи е еден од основните политички критериуми во процесот на проширување на ЕУ, што е експлицитно наведено во Преговарачката рамка на Црна Гора. Европската Унија, како што се наведува, не сака да увезува билатерални спорови во своето членство, па сите отворени прашања мора да се решат пред финалната фаза од пристапниот процес.

При крајот на 2024 година Хрватска упати повик до Црна Гора за конструктивен дијалог, а сега порачува дека е време за одлучни чекори од страна на црногорската Влада.

И покрај стратешкото трпение кое Загреб го покажуваше во текот на целиот процес, Хрватска очекува конкретни поместувања во следните неколку месеци, пред крајот на 2026 година, се вели во пораката од Хрватска.

Клучните отворени прашања што ги истакнува Хрватска се:

– обештетување на логорашите
– продолжување на работата на
– пронаоѓање на 14 исчезнати лица од татковинската војна
– процесирање на воени злосторства
– решавање на имотно-правните прашања на хрватските семејства во Црна Гора чии судски постапки се во застој
– зачувување на спомен-плочата на поранешниот логор Морињ
– промена на името на базенот во Котор
– продолжување на разговорите за морската граница
– враќање на школскиот брод „Јадран“

„Преостануваат само неколку месеци до крајот на 2026 година, па повторно ја повикуваме црногорската страна на конструктивен дијалог и забрзување на работата на отворените прашања“, се вели во соопштението.

Решавањето на овие прашања, според ставот на Загреб, не само што би ги подобрило билатералните односи, туку и би ги отстранило последните значајни пречки на европскиот пат на Црна Гора.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top