Регион

Сo заканa дека носи бомба се обидел да влезе во претседателската вила во Загреб

Утрово, 67-годишен пензиониран бригадир предизвикал инцидент пред претседателската вила во Пантовчак, Загреб,

Утрово, 67-годишен пензиониран бригадир предизвикал инцидент пред претседателската вила во Пантовчак, Загреб, обидувајќи се без дозвола да влезе во комплексот, објави „Јутарњи лист“. Човекот, кој потекнува од областа на Загреб, вербално се судрил со обезбедувањето, зборувајќи неповрзано и тврдејќи дека во неговиот автомобил паркиран во близина има бомба. Полицијата брзо реагирала, го привела и го претресла возилото, но експлозивна направа не била пронајдена.

Според неофицијални информации од N1, мажот е поранешен припадник на вооружените сили, кој со години работел во Кабинетот на претседателот во Пантовчак, бил началник на оддел кај неколку хрватски претседатели и служел како воен аташе во една соседна земја. Тој бил активен и во здруженија на ветерани во Загреб, каде имал високи позиции. Наводно, барал средба со претседателот Милановиќ за да биде назначен за амбасадор во Словенија.

Полицијата го одвела во Првата полициска станица во Загреб, каде е во тек кривична истрага, а против него ќе бидат поднесени кривични пријави. Кабинетот на претседателот ја пофали брзата и професионална реакција на Баталјонот за почесна заштита и Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека ниту еден вработен или службеник не бил загрозен.

Најнови вести од: Регион

Се фрлаа молотови коктели пред Владата, протестите вон контрола – солзавец на сите страни

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот, а попатно запалија контејнери за отпад. Демократите најавија продолжување на протестите и нивно радикализирање. Иако полицијата не дала дозвола за негово одржување, сепак, министерството за внатрешни работи ангажираше над 1.600 полицајци, како и припадници на специјалните единици.

„Падна“ првата оставка во новата техничка влада на Бугарија – се повлече вицепремиерот Цицелков

Новата техничка влада што вчера стапи на должност, веќе остана без еден вицепремиер – Стоил Цицелков, вицепремиерот за фер избори. Цицелков денеска поднесе оставка по информацијата дека бил уапсен поради возење под дејство и поради користење марихуана. Случајот почна од парламентот вчера, кога пратениците го нападнаа Цицелков со информациите за апсењето и уживањето марихуана.

Бугарска работа: Шоферот да се одмори, а другите нека чекаат! (ВИДЕО)

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

To top