Регион

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи како виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и уривање на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. 

Како што се наведува во пресудата, Стојановска на 24 јули годинава во Улцињ, управувајќи автомобил „мерцедес“, најмалку двапати поминала со возилото преку куче од расата шарпланинец, сопственост на оштетениот. Кучето при тоа се здобило со повреди од кои угинало. При одмерувањето на казната, судот како олеснителни околности ги зел предвид нејзините семејни околности, фактот дека е мајка на две деца, од кои едното е малолетно, нејзината претходна неосудуваност, како и битно намалената пресметливост во моментот на извршувањето на кривичното дело.

Намалената пресметливост била утврдена врз основа на наод и мислење на вештак од медицинска област – психијатар. „Судот не најде околности, кои ја отежнуваат вината“, се наведува во пресудата. Судот оценил дека изречената казна е соодветна на тежината на кривичното дело, личноста на обвинетата и околностите, под кои било извршено, како и дека ќе ја постигне целта на казнувањето.

Од судот посочуваат дека казната претставува јасна општествена осуда за секој облик на мачење и убивање животни. Во казната од 45 дена затвор на Стојановска ќе ѝ биде засметано и времето поминато во притвор, почнувајќи од 24 јули 2026 година.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

To top