Регион

(ВИДЕО) Фаворитката за иден бугарски премиер не разбирала политика

Марија Филипова е толку интелектуално ограничена што не само што не треба да биде официјален премиер, туку не може да продолжи да биде заменик-омбудсман, смета екс судијата

Главната фаворитка за иден бугарски премиер Марија Филипова не разбирала политика, тврди самата на јавен настан на кој учествува како заменик-омбудсман на Бугарија.

Филипова во снименото видео вели дека не рабира политика и делови од кажаното кои се однесуваат на парламентарните работи.

Меѓу многуте оценки во бугарската јавност се издвојува Методи Лалов, адвокат и поранешен судија и претседател на Софискиот окружен суд кој јавно го искажува својот став за Филипова:

,,Марија Филипова е толку интелектуално ограничена што не само што не треба да биде официјален премиер, туку не може да продолжи да биде заменик-омбудсман и да држи која било позиција поддржана од граѓаните.

Таквите прости луѓе како неа треба да бидат поддржани и негувани од Борисов, Пеевски, Бошков-Черепа и сличните на нив во нивните приватни компании, а не од граѓаните што им ги плаќаат платите на јавни позиции.

Еве што брбореше Филипова во парламентарната комисија по нејзиниот избор за заменик-омбудсман:

„Се извинувам што не ја разбирам политиката. Не ги разбрав некои од вашите изјави и наводи за малцинството, мнозинството и така натаму. Ова се вашите парламентарни мандати со кои работите. Да, јас сум долгогодишен државен службеник, не сум работела во Народното собрание, не сум била пратеник – не ја разбирам политиката.“

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top