Регион

Вучиќ го прогласи нападот пред Собранието за терористички чин: Поранешен агент од Државната безбедност е напаѓачот

Поранешен член на Државната безбедност е напаѓачот пред српското Собрание, како што откри претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вонредно телевизиско обраќање, при што го нарече нападот „терористички чин“.

Поранешен член на Државната безбедност е напаѓачот пред српското Собрание, како што откри претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вонредно телевизиско обраќање, при што го нарече нападот „терористички чин“.

Човекот кој беше застрелан, пак, е татко на две деца и моментално се наоѓа во тешка состојба со куршум во пределот на препоните.

– Зошто реков дека станува збор за терористички акт? Затоа што има употреба на огнено оружје со цел да се создаде општа опасност, а мотивот е политички. Тој сам кажа дека му сметале шаторите – изјави Вучиќ.

За време на обраќањето на српскиот претседател беа прикажани две снимки од инцидентот. На првата снимка се гледа како В. А. носи канта со бензин, а потоа влегува во шатор пред српското Собрание.

Вучиќ изјави дека В. А. „нема никаква врска со (шаторите од таканаречениот) Чациленд“. На видеото се гледа и како М. Б. ѕирка во шаторот, по што се слуша пукање, а тој е застрелан во ногата и паѓа.

На следното објавено видео, напаѓачот В. А. лежи на земја и може да се слушне како вели дека „не знае ничиј живот“ и дека сакал да направи нешто за полицијата да го убие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

„Ме нервира окупацијата на центарот на градот. Го запалив со бензин, можете да проверите, истурив бензин на улицата Француска. И потоа пукав. Не сакам шатори и сакав да ме убиете. Сè направив сам, сакав да ме застрелате, бидејќи повеќе не можам да живеам“, вели тој.

Напаѓачот со кренати раце ѝ се предал на полицијата. Вучиќ откри дека тој бил пријавен во општина Стари Град, од 1993 година поседувал регистрирано оружје „црвена застава“, а од 2018 година трофеен пиштол „мелиор“.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, соопшти дека ранетиот М. Б. е стабилен, но под постојан лекарски надзор. Според Вишиот јавен обвинител, на лице место бил извршен увид и напаѓачот е во притвор.

Според првичните податоци, во нападот немало други повредени, а пожарот од бензинот не се проширил.

Вучиќ додаде дека инцидентот ќе биде процесуиран како кривично дело против јавната безбедност и дека државата „нема да толерира насилство со политички призвук“.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top