Регион

Вучиќ: „Не` очекува тешко време и зима“

Србија – „колатерална штета во односите меѓу Американците, Западот и Русите“

 

САД го одложија воведувањето санкциите против српската нафтена индустрија (НИС) за само уште четири дена, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата посета на Њујорк за сесијата на Генералното собрание на ОН, пренесува РТС.

„Да видиме, можеби ќе се случи чудо до 1 октомври, но секако очекуваме тешко време и зима, рече Вучиќ.“

Тој нагласи дека ситуацијата е непријатна и комплицирана, но дека ќе се направи обид да се најде решение.

„Ми се чини дека Американците го продолжија невоведувањето санкции само за уште четири дена, од 27 септември до 1 октомври. Значи, од 1 октомври ќе имаме воведени санкции врз НИС“, изјави Вучиќ пред новинарите во Њујорк.

Тој оцени дека Србија во оваа ситуација е „колатерална штета во односот меѓу Американците, Западот и Русите“.

Ќе платиме висока цена затоа што Русите се мнозински сопственик на НИС, рече српскиот претседаел.

„Значи, да бидеме апсолутно јасни и да им ставиме до знаење на сите наши граѓани – бевме исклучително фер кон нашите руски и американски партнери. Ќе се обидеме да бидеме фер, но луѓето треба да знаат дека ќе платиме исклучително висока цена“, рече српскиот претседател.

Тој истакна дека Србија предложила десетици решенија, но ниту едно од нив не било прифатливо за ниту една страна.

Тој рече дека Србија работи на наоѓање решение за воведување на американски санкции врз НИС, но дека наидува на многу мал интерес од одредени страни за проблемите со кои се соочува.

„Работиме и ги испитуваме сите можности, но кога ќе видите дека има мал интерес од одредени страни за проблемите со кои се соочува Србија, што можете да направите? Се судираме со ѕид; ако се обидеме да го пробиеме со глава, ќе се повредиме. Се обидуваме да најдеме друг начин, за да не удри во ѕид“, рече Вучиќ.

„Што да правам, да им се заканам на Русите, на Американците? Ние сме мали, нема смисла, а јас морам да им обезбедам нафта на луѓето“, рече Вучиќ.

Ден претходно, Вучиќ рече дека се надева на уште едно одложување. Белград веќе доби одложување неколку пати.

Санкциите против НИС досега беа одложени шест пати, последниот пат до 26 септември.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top