Регион

Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија

На бранот нови антивладини протести, српскиот претседател ги обвини демонстрантите за насилство и рече дека државата нема намера да ја вклучи војската

 

Српскиот претседател синоќа, нешто пред полноќ сеобрати до јавноста откако беа организирани протести во неколку градови низ Србија – особено во Нови Сад, Белград и Ниш – поради наводното насилство на поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) врз граѓаните за време на претходните демонстрации во вторник вечерта во Врбас и Бачка Паланка.

Според Вучиќ, повеќе од 60 граѓани биле повредени во инцидентите во Нови Сад во среда вечерта. Тој додаде дека 16 полицајци биле повредени, меѓу кои двајца со сериозни повреди на вилицата и градите.

Српскиот претседател рече дека „се воспоставува контрола“ и дека поголем број полицајци ќе бидат на улиците.

„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија. Важно е што, благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, чудесно успеавме да го зачуваме мирот засега“, рече Вучиќ.

Со драматичен тон, тој потврди дека во Нови Сад „до пред неколку минути беше прашање дали околу 300 граѓани кои ја чуваа нивната куќа ќе преживеат“, алудирајќи на поддржувачите на СНС собрани пред седиштето на партијата во Нови Сад кои, според него, „се спротивставија на насилниците и блокадите“.

Спротивно на неговите изјави и оние на полицијата, демонстрантите тврдат дека всушност тие биле нападнати синхронизирано од поддржувачи на СНС, меѓу кои, како што наведуваат, има луѓе со „сомнително минато“, ангажирани да предизвикуваат инциденти и да провоцираат полициска интервенција.

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ и граѓани, а едно лице беше снимено со пиштол.

Демонстрантите тврдат дека на улицата ги довело политиката на владејачката партија и српскиот претседател Вучиќ, кои упорно одбиваат да воспостават владеење на правото, да ги регулираат институциите, да спроведат истрага и да ги изведат пред лицето на правдата сите одговорни за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 16 претежно млади луѓе.

Најновото во низата барања е распишување предвремени избори, што владата досега упорно одбиваше да го стори.

Протестите во неколку српски градови продолжија и по полноќ, објавија белградските медиуми.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top