Регион

Жена од битолско почина на плажа во Свети Стефан

Туристката престојувала на плажата со своето семејство, а и се слошило додека пливала

 С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето додека пливаше.

Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство.

Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а и се слошило додека пливала во морето.

Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.

Жената била долгогодишен срцев пациент.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top