Спорт

„24 часа“: Фудбалската репрезентација на Бугарија е петтиот најслаб тим во Европа

Полоши од Бугарите во квалификациите за СП 2026 се само Белорусија, Сан Марино, Молдавија и Лихтенштајн

Бугарскиот весник „24 часа“ го анализира кошмарниот настап на фудбалската репрезентација на Бугарија во квалификациите за Светското првенство 20026, во кои источниот македонски сосед беше поразен во сите три натпревари.

„Националниот тим на Бугарија во фудбал е меѓу петте најслаби селекции на стариот континент. Тоа стана јасно по последните мечеви од мундијалските квалификации за нашите во зоната Европа. Родната селекција загуби со понижувачки 1:6 од Турција на ‘Васил Левски’ во дебито на нашиот нов селектор Александар Димитров. Поразот е еден од најтешките во историјата на репрезентацијата. И вториот највисок дома. Пред шест години изгубивме на истиот стадион, но од доста посилниот тим на Англија со 0:6.

По бодот на Андора против Летонија во Рига (2:2) мизерни во фудбалот, покрај нас, останаа само Луксембург (3 порази, гол-разлика 1:8), Белорусија (3, 1:13), Сан Марино (6, 1:28), Лихтенштајн (6, 0:23) и Гибралтар (5, 2:17). Т.е. Луксембург губи во просек со 0,33:2,67 или -2,34, Белорусија со 0,33:4,33 или -4, нашите со 0,33:4 или -3,67, Сан Марино со 0,67:4,67 или-4, Молдавија со 0,6:5 или 4,4, Лихтенштајн со 0:3,83 или -3,83 и Гибралтар со 0,4:3,4 или -3.

Според тоа, произлегува дека зад нас се само Белорусија, Сан Марино, Молдавија и Лихтенштајн. Или сме петтиот најслаб тим во Европа“, заклучува „24 часа“.

Најнови вести од: Спорт

To top