Спорт

„Апокалипса“: Италијанските медиуми за третиот пропуштен мундијал во низа

Четирикратниот светски првак во шок по поразот на пенали од Босна и Херцеговина во мундијалскиот бараж во Зеница

Најновиот неуспех да се пласира на Светско првенство во фудбал, веќе трет во низа по поразот на пенали од Босна и Херцеговина, рангирана на 66. место на листата на ФИФА, во Зеница во финалето на баражот за СП 2026 во САД, Мексико и Канада, е централна тема во медиумите во Италија и пошироко.

„Апокалипса Италија“ е насловот на италијанскиот весник „Кориере дела сера“, а „Газета дело спорт“ пишува за „уште еден историски пораз“ и за „третата апокалипса“, забележувајќи во уреднички коментар дека „веќе нема чувство на шок или неочекувана катастрофа, ова станува норма“.

Шпанскиот весник „Марка“ ја нарекува Италија „најголемата драма во светскиот фудбал“, а АС го нарекува „проколната несреќа“ епилогот на стадионот „Билино Поле“.

Во баражот за претходното СП 2022 четирикратниот светски шампион беше елиминиран од Македонија, а во тој за СП 2018 од Шведска, кога првпат по 60 години остана без настап на најголемиот фудбалски собир на планетата.

На шампионатите пред тоа – во Бразил 2014 и во Јужна Африка 2010 – „аѕурите“ не ја поминаа групата.

Италијанската криза на резултати поврзана со светската фудбалска смотра трае веќе две децении, откако во Германија 2006 последен пат стана светски првак.

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

To top