Спорт

Бугарија ја избра Македонија за ривал во групата во Варна на ЕП во одбојка

„Црвено-жолтите“ во групата Б ќе играат и со бранителот на титулата Полска, како и со Украина, Португалија и Израел

Искористувајќи го правото на домаќинот на група да избере противник, Бугарија се определи за Македонија како ривал во групата Б во Варна на 34. Европско првенство за одбојкари што ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 година.

Покрај со источниот сосед, македонските одбојкари според ждрепката во Бари ќе ги одмерат силите и со европскиот шампион Полска, како и со Украина, Португалија и Израел.

Во групата А соорганизаторот Италија ќе игра со Шведска, Словенија, Чешка, Грција и Словачка, во групата Ц во Тампере ќе се натпреваруваат Финска, Естонија, Србија, Белгија, Холандија и Данска, а групата Д во Клуж ја сочинуваат Романија, Летонија, Франција, Германија, Турција и Швајцарија.

За Македонија ова ќе биде четврто ЕП во низа, а на претходното, на кое беше домаќин на групата во Скопје, го оствари најголемиот успех со пласманот меѓу 16. најдобри селекции на стариот континент.

 

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top