Спорт

Червар и официјално две години на клупата на Еурофарм Пелистер

Деветкратниот ракометен првак на Македонија наскоро ќе го претстави трофејниот хрватски тренер и бивш македонски селектор

Screenshot

Еурофарм Пелистер и официјално потврди дека трофејниот хрватски ракометен тренер Лино Червар ќе го води деветкратниот првак на Македонија во наредните две сезони.

Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар. Хрватскиот тренерски маг и официјално е нов тренер и предводник на проектот на Еурофарм Пелистер и се обрвза на двегодишен договор со клубот и најракометниот град.

Не треба да се трошат зборови за тренерската кариера на стручњакот од Умаг. Беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, ги водеше Загреб и Металург, ги освои скоро сите титули со националниот тим на својата земја… Червар во Македонија направи големи работи со Металург и македонската репрезентација, афирмираше многу ракометари, освојуваше титули, а и создаваше зрели личности од своите млади момци.
Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите.
Лино Червар наскоро ќе биде претставен“, објавија битолчани.
Од таборот на пелистерци и информацијата дека си заминува десното крило Богдан Радивоевиќ, кој потпишал договор со турски Бешикташ.

 

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top