Спорт

Чешка не ја дочува победата против Јужна Африка

Фаворитот од Европа одигра само 1:1, иако водеше речиси цел натпревар по постигнатиот гол по шест минути игра

Долго го бранеа водството од самиот почетокот на натпреварот, но на крајот Чесите ја испуштија минималната предност вредна три бода против Јужна Африка во второто коло од групата А на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, играјќи само 1:1 на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта.

Фаворитот Чешка, 40. на листата на ФИФА, поведе преку Михал Садилек само по шест минути игра, но седум минути пред крајот американската судијка Тори Пензо покажа на белата точка за одбиената топка во раката на чешки фудбалер во шеснаесетникот, а Тебохо Мокоена го реализира пеналот и ѝ донесе бод на 60. селекција во светот во моментов.

За двете селекции, кои загубија на стартот од мундијалот, ова е прв освоен бод во групата во која соорганизаторот Мексико во 3 часот по полноќ по средноевропско време ќе игра со Јужна Кореја.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top