Спорт

Чурлинов и соиграчите испратени во соблекувална од тренерот како протест за пенал (ВИДЕО)

Тренерот на Коџаелиспор збесна по досудената најстрога казна во 92. минута за Коњаспор на Барди, кој на крајот славеше со 2:1

Дарко Чурлинов се најде среде непријатна ситуација во самиот финиш од натпреварот од турската Суперлига меѓу неговиот Коџаелиспор и Коњаспор на Енис Барди, кога тренерот на домашниот тим Селџук Инан ги набрка во соблекувалната македонскиот фудбалски репрезентативец, соиграчите од клупата и целиот Стручен штаб.

Инан буквално збесна поради досудениот пенал за гостите во 92. минута при резултат 1:1, па во знак на протест ја „исчисти“ клупата на својот тим, а судијата за тоа го казни со црвен картон.

Гостите го реализираа ударот од белата точка и на крајот славеа со 2:1 во мечот во кој Чурлинов беше стартер и одигра 78 минути, а Барди влезе во игра во 65. минута.

Најнови вести од: Спорт

To top