Иако се расфрлуваа со оптимистички изјави, со доза и на потценување на противникот, фудбалерите на Данска во завршните подготовки за мундијалскиот бараж со Македонија утревечер од 20:45 часот во Копенхаген тренирале изведување пенали!
„Да, тренинаравме изведување пенали. Тоа не е тајна“, призна селекторот Брајан Ример.
За такво нешто четвртиот меѓусебен дуел треба да заврши нерешено како првиот на 7 септември 1994 година во Скопје, кога беше 1:1 во дебито на Македонија во квалификациите за Европското првенство 1996.