Спорт

Дембеле избран за најдобар фудбалер на светот во 2025 година

Сосема заслужено

Фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле ја освои наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот во 2025 година. Наградата сосема заслужено му припадна на Дембеле, кој имаше извонредна година.

Со својата екипа ПСЖ триумфираше во Лигата на шампионите, француското првенство, францускиот куп и Супер купот на Франција. Главни конкуренти му беа Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Ламин Јамал (Барселона). Признанието му го додели Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.

Во женска конкуренција наградата и припадна на Аитана Бонмати од Барселона.

Најдобар тренер кај мажите е Луис Енрике од ПСЖ, а кај жените е Сарина Вигман од Холандија, која ги предводеше фудбалерките на Англија до титулата европски првак.

Најдобар голман е Џанлуиџи Донарума, а наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол му припадна на Сантијаго Монтиел.

Во изборот учествуваа капитените на репрезентациите, селекторите, новинари и навивачи преку официјалниот сајт на ФИФА.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top