Спорт

Еврогол на Несторовски за победа на Славен Белупо (ВИДЕО)

Ексрепрезентативецот на Македонија со мајсторија за триумф од 2:1 над Истра во ХНЛ по пресврт

Илија Несторовски е херојот на Славен Белупо во шестото коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), во кое токму неговиот, и тоа каков, погодок му донесе победа на домаќинот од 2:1 против Истра во Копривница.

Поранешниот репрезентативец со 52 настапи и 10 гола за Македонија постигна еврогол во 77. минута, кога со удар надвор од шеснаесетникот го лобуваше противничкиот голман за целосен пресврт по водството на гостите од Пула.

За 35-годишниот напаѓач ова е прв гол сезонава за „фармацевтите“, за кои минатата постигна 8 во 23 настапи, вкупно 78. за него во ХНЛ.

Мајсторијата на Несторовски, кој во 18. минута го погоди дирекот, на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top