Спорт

ФК Шкупи со изјава за инцидентот во кој беа повредени деца

Со соопштение се огласи Флорим Муча, директор на ФК Шкупи.

facebook.com/fcshkupi1927

Со соопштение се огласи и Флорим Муча, директор на ФК Шкупи, во кое ја информира јавноста дека клубот „целосно се оградува од неспортските настани во Штип“.

Фудбалот не е и не смее да биде арена за физички пресметки, туку поле каде што се судруваат талентот, тактиката и спортскиот менталитет. Како клуб со традиција и долга историја во нашата земја, ФК Шкупи апелира оваа ситуација да се надмине и вакви инциденти да не се повторат во иднина. Духот на фер-плејот и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над сè“, вели Муча.

Апелира до сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки врз основа на материјалите и фактите, со цел сите вклучени лица во тој инцидент да понесат одговорност за нивните постапки.

ФК Шкупи останува посветен на негување на спортскиот дух, почитта и здравите вредности кои фудбалот треба да ги претставува“, се вели во соопштението.

Граѓаните изгубија верба во декларативните заложби. Прашуваат – ако сите клубови се посветени на спортскиот дух и фер играта, тогаш зошто на терен се случува спротивното? Дел од нив вината ја лоцираат и во родителите, кои стануваат лош пример за однесувањето на младите. Сѐ уште не е избледено сеќавањето на минатогодишниот фудбалски натпревар во Детската лига во Скопје, кога се склучи скандал: родители влетаа на теренот и физички се пресметаа, по што ФФМ донесе одлука понатамошните натпревари да се одиграат без присуство на публика.

Веста за која што е реакцијата и има повредени деца може да ја најдете на слениов линк.

Најнови вести од: Спорт

To top