Македонија

За финансирање на кампањата за локалните избори треба да се потрошат 9,7 милиони евра

Од Државната изборна комисија кажаа ако во иднина се продолжи со финансирање на изборната кампања со пари од буџетот, тогаш ДИК не треба да биде институцијата која ќе ги дели парите на медиумите.

Дури 9,7 милиони евра ќе се одвојат од државниот буџет за финансирање на кампањата за локалните избори. Од нив, две третини ќе одат за приватните медиуми и интернет портали, односно за платено политичко рекламирање, објави МРТ1, но токму јавниот сервис не е во овој пакет. Правните експерти велат дека политичките партии мора да имаат посебни сметки, за институциите да ги следат приливите на средства. Забрането е да се примаат странски донации.

Без разлика дали се трошат државни пари за финансирање на камањата, или субвјектите добиваат донации, сите да внимаваат на вокабуиларот, односно критиките кои си ги споделуваат политичките актери да бидат аргументирани, а не токсични, велат комуниколозите.

Ветувањата и начинпт на изнесување на ставовите на политичарите влијае и на младите. И тие се желни да се вклучат во креирање на политиките, за да не заминуваат од државата.

Меѓународните набљудувачи сметаат дека е потребено обезбедување еднаков пристап до медиумите во изборните кампањи и за зголемување на отчетноста и интегритетот на финансирањето на кампањата. Препораките од ОБСЕ не се поднесени до Собрание.

Од Државната изборна комисија кажаа ако во иднина се продолжи со финансирање на изборната кампања со пари од буџетот, тогаш ДИК не треба да биде институцијата која ќе ги дели парите на медиумите.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

To top