Спорт

Шкендија со два „луди“ гола до пресврт и триумф против Лудогорец

Македонскиот првак го совлада бугарскиот со 2:1 во првиот меч од баражот за групите во Европската лига на УЕФА

Два еврогола им донесоа победа од 2:1 на фудбалерите на Шкендија над Лудогорец во баражот за групната фаза во Европската лига на УЕФА и предност пред возвратната средба со бугарскиот првак на 28 август од 19:30 часот во Разград.

Гостите поведоа во 17. минута преку играчот за врска од Зеленортската Република, Дерој Дуарте, а израмни во 35. минута напаѓачот од Албанија, Лиридон Љатифи, со еврогол од 20 метри.

Целосен пресврт направи Бесарт Ибраими со маестрален прием на топката, свртување и силен удар со левата нога во 60. минута.

Македонскиот шампион е на чекор до повторување на подвигот на Вардар од 2017 година, кога стана првиот македонски тим што заиграл во групна фаза од европските купови.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top