Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го освои златниот медал на Светското училишно првенство во Скопје, откако во финалето го совлада Израел со 38:32.
До првото злато на ова натпреварување „црвено-жолтите“ дојдоа со максимални шест победи, а победникот во финалето беше решен уште во првото полувреме, кое „црвено-жолтите“ го добија со 20:14.
Македонските кадетки, пак, се закитија со сребрен медал по поразот од 28:24 од Хрватска во финалето.