Спорт

Фото на денот: „Македонската фаланга“ во објективот на ЕХФ

Европската ракометна федерација им се поклони на македонските навивачи на социјалните мрежи

, North Macedonia vs Romania, EHF Men's Euro 2026, Herning, Denmark, 20.01.2026, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Малата, но одбрана чета навивачи на ракометната репрезентација на Македонија на 17. Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка не ја остави рамнодушна ниту Европската ракометна федерација, која им се поклони на социјалните мрежи.

„Македонската фаланга“ на трибините од арената „Јиске банк боксен“ во Хернинг остави белег врз групата Б од прелиминарната фаза на ЕП, во која „црвено-жолтите“ ја совладаа Романија со 24:23, ремизираа 29:29 со Португалија и загубија од Данска со 36:24.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top