Спорт

Франција го „отклучи“ Сенегал во завршницата, два гола на Мбапе

Светскиот вицешампион славеше со 3:1, ѕвездата на Реал Мадрид сега е трет стрелец во историјата на мундијалите

Долго се мачеше Франција за да го скрши отпорот на Сенегал и не само што ѝ успеа во последната четвртина од натпреварот во Њу Џерси, туку на крајот славеше и убедлива победа од 3:1 на стартот од групата И на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Килијан Мбапе ја отклучи сенегалската одбрана во 66. минута, а во шестата минута од судиското продолжение ја отстрани неизвесноста откако една минута претходно намали Ибрахим Мбаје.

Со нив најголемата француска ѕвезда се израмни со Герд Милер со вкупно 14 гола на мундијалите, а пред нив се само Роналдо со 15 и Мирослав Клозе со 16.

Голема заслуга за триумфот на „триколорите“ има и Бредли Баркола, кој во 82. минута, само две минути по влегувањето во игра, мајсторски го круниса противнападот на двократниот светски шампион и актуелен вицепрвак, кој им се одмазди на Сенегалците за шокантниот пораз од 1:0 на СП 2002.

Во групата се уште Ирак и Норвешка, кои ќе ги одмерат силите на полноќ по средноевропско време.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top