Спорт

Ѓорческа во полуфиналето во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка во два сета и за два часа игра ја „реши“ Финката Хиетаранта

Победничката низа на Лина Ѓорческа, започната во Слобозија, кадешто триумфира, продолжи и на тенискиот турнир во Букурешт, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари, со пласманот во полуфиналето.

Најдобрата македонска тенисерка ја оправда фаворитската улога како четврта носителка и 239. на ВТА-листата во сингл со победата од 6-3, 6-3 над Лаура Хиетаранта (343.) од Финска по точно двца часа игра.

Последна пречка на 31-годишната тетовка до четвртото финале во низа по двете во Куршумлиска Бања и тоа во неделата во Слобозија утре ќе ѝ биде првата носителка Деспина Папамихаил (222.) од Грција, против која славеше во три сета на 13 август на турнирот во Србија.

Најнови вести од: Спорт

To top