Спорт

Ѓорческа победи со пресврт, само еден чекор ја дели од настап на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа запиша уште еден триумф во квалификациите за Вимблдон и сега е на само една победа од пласман во главната жрепка на најпрестижниот турнир на тревна подлога.

Тетовчанката успешно ја мина и втората квалификациска рунда, откако по пресврт ја совлада Франсиска Жорге со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1). Иако го загуби првиот сет, Ѓорческа во продолжението целосно ја презеде контролата на теренот и со сигурна игра стигна до заслужен триумф.

За место во главниот дел од турнирот, македонската тенисерка ќе се соочи со Лусија Бронзети, која во моментов се наоѓа на 127. позиција на ВТА-листата. Победа во тој дуел би значела историски успех и настап на главниот турнир на Вимблдон.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top