Спорт

Ѓорческа тргна со победа на тенискиот челинџер во Мадрид

Најдобрата македонска тенисерка славеше во два сета над Јапонката Саито на турнирот со награден фонд од 115.000 долари

Успешен старт на Лина Ѓорческа на тенискиот челинџер „Гран-при опен Вилја де Мадрид“ од серијата ВТА125 во главниот град на Шпанија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 115.000 американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, неделава 199. на ВТА-листата во поединечна конкуренција, во првото коло славеше со 6-4, 6-4 над квалификантката Сара Саито (300.) од Јапонија.

Дуелот траеше 91 минута и го обележа лошиот сервис на двете тенисерки, при што Ѓорческа направи 13 двојни грешки наспроти петте на противничката и загуби пет гема со почетен удар, но направи седум брејка и на крајот ја искористи втората меч-топка.

Следна пречка за 31-годишната тетовка во осминафиналето утре од 11 часот ќе ѝ биде 18-годишната осма носителка Алина Корнеева (122.) од Русија.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top