Спорт

Хаџиќ од Еурофарм Пелистер прв стрелец во младинската Лига на шампионите

Еурофарм Пелистер заврши четврти во првото издание на младинската ракометна Лига на шампионите, но го има најдобриот стрелец Алем Хаџиќ, кој на четири натпревари, по два во квалификациите и на завршниот турнир во Келн, постигна вкупно 40 гола. Средниот бек од Босна и Херцеговина, кој денеска наполни 18 години, го остави веднаш зад себе Анселмо […]

Еурофарм Пелистер заврши четврти во првото издание на младинската ракометна Лига на шампионите, но го има најдобриот стрелец Алем Хаџиќ, кој на четири натпревари, по два во квалификациите и на завршниот турнир во Келн, постигна вкупно 40 гола.

Средниот бек од Босна и Херцеговина, кој денеска наполни 18 години, го остави веднаш зад себе Анселмо Коладо Карион од Барселона со 35 гола, а трет е Емил Соренсен од ГОГ Гудме со 31.

На фајналфорот што се одигра вчера и денеска Хаџиќ постигна 4 гола против Гудме и 10 против Барселона, а претходно на квалифиакцискиот турнир во Букурешт му даде 12 гола на домаќинот Динамо и 14 на Кјељце.

Еурофарм Пелистер во полуфиналето во Келн загуби од подоцнежниот шампион Гудме со 36:21, а во мечот за третото место беше поразен од Барселона со 55:28.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top