Фудбалската федерација на Македонија објави дека Сашо Даневски е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии на УЕФА.
Со новата функција, која стапува на сила од 1 јули, Даневски ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка и мониторингот на најдобрите европски судии.
Даневски има долга и успешна кариера во системот на УЕФА. Кариерата ја започнал како асистент тренер на курсеви за млади судии, а подоцна бил дел од бројни семинари и програми за елитни арбитри. Бил ангажиран и на Европското првенство UEFA EURO 2024 и на UEFA Women’s EURO 2025.
Покрај работата со елитните судии, тој ќе има и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери од сите 55 национални асоцијации членки на УЕФА. Досега учествувал на 33 семинари и работилници на УЕФА.
Како експерт на ФФМ, Даневски бил ангажиран и во Швајцарија, Србија, Црна Гора и Саудиска Арабија.
Во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија се истакнува и поддршката од претседателот Масар Омерагиќ за континуиран развој на судискиот кадар.