Спорт

Ланската финалистка Анисимова спроти Ѓорческа во дебито на првата Македонка на Вимблдон

Американката од руско потекло е шеста носителка и лани, покрај на гренслемот во Лондон, играше финале и на Ју-Ес опен

Шестата носителка Аманда Анисимова од САД ќе ѝ биде противничка на Лина Ѓорческа во историскиот ден за македонскиот тенис и спорт воопшто, кога првата Македонка во главната конкуренција на гренслем турнир ќе дебитира во Вимблдон на неофицијалното светско првенство во белиот спорт.

Помладата ќерка на руските емигранти Олга и Константин Анисимови, 24-годишната Аманда, родена во Фрихолд Тауншип, Њу Џерси, минатата година на Вимблдон стигна до финалето, но таму не освои ни гем против Ига Швјонтек од Полска.

Лани таа играше финале и на Ју-Ес опен, кое го загуби со 6-3, 7-6 (3) од најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка од Белорусија.

На другите гренслеми Анисимова има полуфинале на Ролан Гарос во 2019 година и четвртфинале на годинашниот Австралија опен, лани беше полуфиналистка на завршнииот турнир на ВТА-тур.

Досега има освоено четири ВТА-турнири и заработено13,5 милиони американски долари.

На 5 јануари годинава се искачи на третото место на ВТА-листата, што е нејзин највисок ранкинг во кариерата.

Најнови вести од: Спорт

To top