Спорт

Македонија го покори Казахстан и ита кон СП во фудбал!

Александар Трајковски ѝ донесе триумф на фудбалската репрезентација на Македонија од 1:0 против Казахстан во Астана во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство 2006. Донеодамнешниот напаѓач на Хајдук во 33. минута го реши победникот и ги врати „црвено-жолтите“ на врвот од табелата во групата Ј пред вечершниот дуел меѓу Белгија и Велс во Брисел. […]

Александар Трајковски ѝ донесе триумф на фудбалската репрезентација на Македонија од 1:0 против Казахстан во Астана во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство 2006.

Донеодамнешниот напаѓач на Хајдук во 33. минута го реши победникот и ги врати „црвено-жолтите“ на врвот од табелата во групата Ј пред вечершниот дуел меѓу Белгија и Велс во Брисел.

Со својот 23. гол во 94. настап во македонскиот дрес 32-годишното лево крило се зацврсти на второто место на вечната листа на голгетери за македонскиот национален тим, зад Горан Пандев со 38, а пред Енис Барди со 18.

Домашните фудбалери три пати ја погодија рамката од голот на Столе Димитриевски, но целиот плен го однесоа избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој поради парни жолти картони му го препушти местото на клупата на својот помпшник Роберт Стојановски.

Во следниот круг на 7 септември во Скопје најдобрите македонски фудбалери ќе го пречекаат Лихтенштајн.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top