Спорт

Македонија ја чека Швајцарија на стартот од Лигата на нациите

Предводени од новиот селектор Седлоски, „црвено-жолтите“ ќе дебитираат во дивизијата Б против ривал со кој никогаш не играле

Своето деби во дивизијата Б од Лигата на нациите фудбалската репрезентација на Македонија ќе го почне против Швајцарија на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а три дена подоцна ќе ѝ гостува на Словенија.

Во следниот циклус од два натпревара „црвено-жолтите“ на 3 октомври ќе го пречекаат носителот на групата 1, Шкотска, а три дена потоа е реваншот со Швајцарците кај нив.

Третиот и последен мини циклус прво носи гостување во Шкотска на 13 ноември, а три дена подоцна во македонскиот главен град доаѓаат Словенците.

Најуспешниот во групата ќе се пласира во А-дивизијата, второпласираниот ќе разигрува за промоција во највисокиот ранг, освојувачот на третото место ќе игра бараж за опстанок во Б-сегментот и последниот во групата ќе испадне во дивизијата Ц.

Македонија има по една победа (1:0), реми (1:1) и пораз (2:0) од Шкотска, со Словенија 4 победи (4:1, 2:0, 3:2, 2:1), две нерешени (1:1 и 1:1) и еден пораз (1:0), а со Швајцарија никогаш не играла.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top