Спорт

Македонија ќе ги тестира Босна и Херцеговина и Турција пред СП

На 29 мај во Сараево и на 1 јуни во Истанбул „црвено-жолтите“ ќе се „загреваат“ за дебито во Б Лигата на нациите наесен

Откако не успеа во баражот за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, фудбалската репрезентација на Македонија стана пожелен спаринг-партнер за учесниците на мундијалот, па при крајот на мај ќе ѝ спарингува на Босна и Херцеговина, а на почетокот на јуни и на Турција.

БиХ е во еуфорија по елиминацијата на пенали на четирикратниот светски првак Италија во Зеница, а за подготвителниот дуел со Македонија на 29 мај ќе се врати на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ по шест години и пријателската средба со Иран.

Три дена подоцна „црвено-жолтите“ во Истанбул ќе ѝ излезат на мегдан на Турција, која во вторникот го урна мундијалскиот сон на Косово на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.

За избраниците на селекторот Гоце Седлоски овие контроли ќе бидат во функција на дебито наесен во дивизијата Б од Лигата на нациите, кадешто за противници ќе ги имаат Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Најнови вести од: Спорт

To top