Спорт

Македонија надмоќна со Косово во Европската лига во одбојка

„Црвено-жолтите“ ја запишаа третата победа во петтиот меч сезонава, славејќи со 3:0 на турнирот во Приштина

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го совлада „фенерџијата“ Косово со максимални 3:0 во Приштина во петтото коло од Европската лига.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски беа супериорни во првитре два сета, добивајќи ги со 25-12 и 25-19, а во третиот се вратија по -6 и подоцна спасија сет-топка за домаќинот при негово водство од 24-23, пред да го освојат последниот период од играта со 27-25.

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најдобар поединец на средбата со 15 поени, Кристијан Илиев запиша 11, вклучувајќи два аса, а Филип Савовски се издвои со три блокади.

Со третата победа, по тие над Луксембург и Исланд, досега во годинашното издание на ова натпреварување „црвено-жолтите“ се искачија на 15. место на вкупната тебала меѓу 27 селекции, со 9 бода и сет-колични 9-7.

Утре од 20 часот најдобрите македонски одбојкари ќе ги одмерат силите со Израел, кој е шести со максимални четири победи.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top