Спорт

Македонија најпрецизен изведувач на седмерци на ЕП

Македонските ракометари реализираа 14 од 15 удари од 7 м или 93,3 проценти реализација во првата фаза на првенството

Ракометната репрезентација на Македонија е најефикасниот изведувач на седмерци на 17. Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонските ракометари успешно изведоа 14 од 15 удари од 7 метри или 93,3 проценти реализација на најстрогата казна.

Втора е Холандија со 92,3 отсто (12/13), а трета Швајцарија со 90,9 отсто (10/11).

Стопроцентно успешни во првата фаза на ЕП беа Грузија (8/8) и Црна Гора (7/7), но со (речиси) двојно помалку изведени седмерци од „црвено-жолтите“ во три одиграни натпревари, односно едноцифрен број обиди.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top