Спорт

Македонија против Данска во баражот за СП

Во Цирих, ФИФА ја одржа ждрепката за европскиот бараж. Шеснаесет селекции поделени во четири шешири формираат четири мини-турнири, а само четирите победници патуваат на Светското првенство.

Македонската фудбалска репрезентација вторпат по ред обезбеди место во баражот за Светското првенство – овој пат за мундијалот во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Иако во квалификациите не успеавме да го освоиме едно од првите две места во групата (клучниот пораз од Велс не остави на третата позиција), Лигата на нациите повторно ни подари шанса за историски подвиг.

Во Цирих, ФИФА ја одржа ждрепката за европскиот бараж. Шеснаесет селекции поделени во четири шешири формираат четири мини-турнири, а само четирите победници патуваат на Светското првенство. Македонија влегуваше од последниот, четврти шешир, со можни ривали: Италија, Турција, Украина и Данска.

Ждрепката одлучи: наш противник во полуфиналето е Данска. Натпреварот се игра на 26 март 2026 година во Данска, каде „црвено-жолтите“ ќе бидат гости. Доколку дојде до сензационална победа над скандинавскиот гигант, во финалето на 31 март ќе играме против подобриот од дуелот Чешка – Република Ирска, повторно како гостинска селекција.

Ова е втор последователен бараж за Македонија по оној за Катар 2022 (кога елиминиравме Италија, но паднавме во финалето од Португалија). Сега, патот до првото светско првенство во историјата е повторно тежок, но сонот останува жив.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top