Спорт

Македонските ракометари во Данска ја билдаат формата за ЕП

Средниот бек Митев најавува дека ќе дадат максимум за позитивен резултат против домаќинот и топ-фаворит за златото

Најдобрите македонски ракометари од синоќа се во Данска, кадешто во Силкеборг ги почнаа завршните подготовки за претстојното Европско првенство, на кое ќе стартуваат на 16 јануари од 20:30 часот против домаќинот, кој е актуелен светски и олимписки шампион и најголем фаворит за европското злато.

„Нашиот фокус во моментов е на првиот натпревар со Данска. Тие се фаворити, а ние ќе го дадеме нашиот максимум и наша цел е да извојуваме добар резултат. Имаме уште три дена за да се подготвиме како тактички, така и колку што може подобро физички. Ќе пробаме да го следиме нивниот ритам и се надевам на позитивен резултат“, изјави средниот бек Марко Митев, стрелец на голот за реми 29:29 со Швајцарија во саботата на „Жолтиот куп“ во Винтертур.

Во второто коло од групата на 18 јануари „црвено-жолтите“ ќе играат со Португалија и два дена подоцна со Романија, а во групата од втората фаза ќе одат двете најуспешни селекции.

 

Најнови вести од: Спорт

Лазаров: Треба да бидеме задоволни од извлекувањето

Македонската машка ракометна репрезентација во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство 2027 во Германија и Хрватска ќе игра против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, чии натпревари се закажани за март 2026 година.

Јувентус импресиониран од македонската тинејџерка: Меланија Грозданова на радарот на европскиот гигант

Меланија Грозданова, една од најголемите надежди на македонскиот женски фудбал, во моментов престојува во Торино, каде што тренира со првиот тим на Јувентус – еден од најсилните и најпрестижни клубови во европскиот женски фудбал.

To top