Спорт

Македонските ракометари во група со Исланд, Бахреин и Јапонија на СП 2027

Своето десетто учество на мундијалите „црвено-жолтите“ ќе го почнат на 15 јануари против Јапонците во Магдебург

Исланд, Бахреин и Јапонија ќе ѝ бидат противници на машката ракометна репрезентација на Македонија во групата Х во Магдебург на јубилејното 30. Светско првенство во јануари в година во Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе стартуваат на 15 јануари против Јапонците, два дена подоцна ќе играат со Бахреинците и на 19 јануари ќе завршат со Исланѓаните, кои се носители на групата од која првите три селекции ќе продолжат во втората групна фаза.

Ако ја поминат групата во Магдебург, „црвено-жолтите“ ќе продолжат во Хановер, кадешто ќе ги одмерат силите со трите најуспешни од групата Г, во која Данска и Словенија се изразити фаворити против САД и Ангола. Термините за тие дуели се 21, 23 и 25 јануари.

Четвртфиналните мечеви ќе се одиграат на 26 и 27 јануари во Келн, кој ќе биде домаќин на завршницата, вклучувајќи го и финалето на 31 јануари.

 

Најнови вести од: Спорт

To top