Спорт

Манев со Риека до двојната круна во Хрватска

Македонскиот фудбалски репрезентативец сезонава ја заокружи со двојна круна со Риека, откако четири дена по втората шампионска титула го освоија и шестиот Куп на Хрватска со победата од 1:0 во реваншот на свој терен со Славен Белупо на ексрепрезентативецот Илија Несторовски за вкупни 2:1 во финалето. Централниот одбранбен играч роден пред 24 години во Кочани […]

Македонскиот фудбалски репрезентативец сезонава ја заокружи со двојна круна со Риека, откако четири дена по втората шампионска титула го освоија и шестиот Куп на Хрватска со победата од 1:0 во реваншот на свој терен со Славен Белупо на ексрепрезентативецот Илија Несторовски за вкупни 2:1 во финалето.

Централниот одбранбен играч роден пред 24 години во Кочани дојде во Риека од турска Адана во февруари годинава и се закити со два трофеја уште во првата полусезона од договорот до јуни 2027 година.

Манев за националниот тим на Македонија има 11 настапи и еден постигнат гол, во победата во Малта од 2:0 пред две години во квалификациите за Европското првенство 2024.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top