Спорт

Мангупски гол на Тодороски за ТСЦ во српската Суперлига (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер му донесе победа на ТСЦ од 1:0 над ОФК Београд со прецизен лоб свртен со грб кон голот

Андреј Тодороски го обележа натпреварот во Заечар од 20. коло во фудбалската Суперлига на Србија, во кој токму тој го постигна единствениот гол со кој гостите ТСЦ од Бачка Паланка го совладаа ОФК Београд.

Македонското десно крило во 34. минута го лобуваше домашниот голман Балша Поповиќ, и тоа со грбот свртен кон голот, потег кој коментаторот на Арена го нарече „мангупски“.

За 26-годишниот прилепчанец со прекар Чорбе ова е трет погодок во 16. првенствен настап за ТСЦ сезонава, кој му го донесе признанието за играч на натпреварот со оценка 8,2.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top