Спорт

Охрид го нокаутира шампионот Еурофарм Пелистер среде Битола!

Стрмљан во последната секунда им донесе триумф на гостите од 27:26, со кој се израмнија со пелистерци на второто место

Историската сезона за ракометарите на Охрид по пласманот во полуфиналето на Европскиот куп ја надополни триумфот над Еурофарм Пелистер од 27:26 среде Битола, со кој му се придружи на второто место во Суперлигата!

Со изненадувањето во салата „Боро Чурлевски“, трката за титулата практично е решена, иако до крајот од разигрувањето има уште шест кола, бидејќи лидерот Вардар има осум бода повеќе од пелистерци и од охриѓани.

Огромна радост на гостите им донесе бекот Тилен Стрмљан со голот во последната секунда, со кој го круниса пресвртот по водството на домаќинот од 26:25.

Токму Стрмљан беше најефикасен во победничкиот тим со пет гола, еден помалку од Дејан Манасков во поразениот.

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top