Спорт

Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо против Вуковар (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец придонесе со два гола во триумфот од 4:1 на домаќинот во Копривница

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски придонесе со два гола за победата на Славен Белупо од 4:1 против Вуковар во Копривница во 14. коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ).

Поранешниот репрезентативец на Македонија со 52 настапи и 10 гола зголеми на 2:0 во 25. минута, а во 79. минута го постави конечниот резултат, кој го искачи тимот на 35-годишниот прилепчанец на третото место на табелата, зад Хајдук и Динамо Загреб.

Несторовски сезонава има три погодока и три асистенции во елитната конкуренција во Хрватска.

Головите против Вуковар се по 2:35 минути и по 10 минути од почетокот на видеото:

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top