Спорт

Несторовски одново стрелец за Славен Белупо во Хрватска (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец погоди од пенал за реми 1:1 на гостувањето кај Истра во Пула

Илија Несторовски се запиша во листата на стрелците во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ) второ коло едноподруго, откако му донесе бод на Славен Белупо, кој ремизира 1:1 на гостувањето кај Истра во 15. коло.

Поранешниот репрезентативец на Македонија успешно го реализира пеналот за водство на гостите на крајот од првото полувреме од натпреварот во Пула.

Ова е четврти првенствен погодок за 35-годишниот прилепчанец сезонава, покрај трите асистенции.

Голот на Несторовски по 3:40 минути од видеото:

 

Најнови вести од: Спорт

To top