Ако успешно го помине баражот и избори историски пласман на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, Македонија ќе биде наградена со најмалку 9 милиони американски долари, врз основа на распределбата на наградниот фонд од 558 милиони евра што го објави ФИФА денеска.
Само за евентуалното учество „црвено-жолтите“ же добијат 7,6 милиони евра, а 1,4 милиони за подготовките за настапот.
Светската фудбалска федерација ФИФА реши да им додели по 7,6 милиони евра на селекциите што ќе се пласираат меѓу 33 и 48 место, потоа по 9,3 милиони на тие што ќе завршат од 17 до 32 место, како и по 12,7 милиони на националните тимови меѓу деветтото и 16. место.
За репрезентациите од 5 до 8 место се наменети по 16,16 милиони евра, за четвртопласираниот 23 милиони, за освојувачот на бронзениот медал 24,67 милиони, за вицепрвакот 28 милиони и за новиот светски шампион 42,5 милиони евра!
За да избори прво учество на планетарните шампионати Македонија кон крајот на март прво ќе мора да ја совлада Данска во Копенхаген, а потоа и подобриот меѓу Република Ирска и Чешка исто така на гостински терен.
Ако се палсира на СП, македонската фудбалска репрезентација во групната фаза ќе ги одмери силите со соорганизаторот Мексико, со Јужна Кореја и со Јужноафриканската Република.
Во баражот за последното СП во Катар македонските фудбалери дојдоа до самиот праг на мундијалот, откако ја „нокаутираа“ Италија со 1:0 во Палермо, за три дена подоцна да загубат од Португалија со 2:0 во Порто.