Спорт

Победничко деби на Димитриевиќ за Баерн Минхен во Евролигата (ВИДЕО)

Најдобриот македонски кошаркар придонесе со 8 поени, 4 асистенции и 3 скока за триумфот над Басконија од 96:89

Само два дена по потписот на договорот до крајот на сезоната, најдобриот македонски кошаркар Ненанд Димитриевиќ дебитира за Баерн Минхен во победата од 96:89 против Басконија на домашен терен во Евролигата.

За 17:12 минути во игра бекот на Баварците и на репрезентацијата на Македонија, кој дојде од руски Зенит од Санкт Петербург, забележа 8 поени (1/2 за два, 6/7 од слободни фрлања), на кои додаде 4 асистенции и 3 (дефанзивни) скока.

Со својата седма победа, тимот на популарниот Нено се одлепи од дното на табелата и сега го дели 15. место меѓу 20 екипи.

Најнови вести од: Спорт

To top