Спорт

Предавство на легендата – Зошто Вардар го понижи големиот борец со срце на лав

Човекот кој го остави срцето на терен за “црвено-црните” беше принуден да си замине

Стојанче Стоилов, капитенот, лидерот и симболот на најголемите успеси на РК Вардар, го напушта клубот по 14 години верност.

Оваа вест, која одекна како гром во македонската спортска јавност, не е резултат на взаемен договор, туку последица на, како што многумина го нарекуваат, срамен и понижувачки потег на раководството на клубот. Човекот кој го остави срцето на терен за “црвено-црните” беше принуден да си замине.

 

Причината за раздорот: Хрватска “коцка” наместо македонска икона

 

Чашата се прели со одлуката на првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, за нов тренер на тимот да го именува Хрватот Иван Чупиќ. Иако Чупиќ е поранешен играч на Вардар, тој доаѓа како тренер без речиси никакво искуство, за кого клубот дури плати и отштета од 30.000 евра. Овој потег беше директен удар врз Стоилов, кој цела година работеше како помошен тренер и беше логичен, природен наследник на клупата.

 

На промоцијата на Чупиќ, Михајловски се обиде да ја оправда одлуката со зборовите:

 

“Стоилов е икона на Вардар и за него секогаш има место во клубот. Но, сметам дека во моментов не е подготвен да го води првиот тим”.

 

Оваа изјава беше дочекана со потсмев и гнев, бидејќи клубот му ја даде довербата на подеднакво неискусен тренер, но странец.

 

Повеќе на спортскастаница.мк

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top